Дел од рочиштата на кои ќе биде презентиран доказен материјал од предмети во истрага на СЈО како што е „Империја“, ќе бидат затворени за новинарите. Тоа го побараа адвокатите на Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2020 17:44

Обвинителките Фетаи и Ленче Ристовска сведоци на Катица Јанева за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс- обвинителката и шефица на СЈО Катица Јанева, денеска пред судиите ги објави своите сведоци. 

Имено сведови на Јанева ќе бидат обвинителите Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски.

СЈО беше формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО требаше да има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача беше да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година.

Тие ќе сведочат за второобвинетата во аферата „Рекет“ Катица Јанева.

За утре е закажано ново рочиште за случајот Рекет, а четворицата сведоци предложени од Јанева ќе сведочат утре откако нејзините адвокати ќе почнат со прикажување материјални докази.

Дел од рочиштата на кои ќе биде презентиран доказен материјал од предмети во истрага на СЈО како што е „Империја“, ќе бидат затворени за новинарите.

Ваквата одлукабеше донесена на барање на адвокатите на Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.

Јанева има предложено вкупно 13 сведоци.

Катица Јанева, поранешната шефица на СЈО во „Рекет” е второобвинета за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, а Бојан Јовановски за „Примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести