Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот.
Премиерот не е прикачен на респиратор, но неговата состојба внимателно се следи, јавуваат британските медиуми.
Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.
Неговата здравствена состојба се влошила во текот на вечерта, па затоа бил пренесен во единицата за интензивна нега по совет на доктор.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера беше примен на лекување в болница, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа позитивен, објави Би Би Си.
– Џонсон продолжува да има постојани симптоми на коронавирусна инфекција, истакна вчера портпарол на Даунинг стрит.
Тој објасни дека хоспитализирањето на Џонсон претставува „превентивна мерка“, преземена по совет на личниот лекар на британскиот премиер.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.