Американскиот претседател рече дека СЗО не успеа да ја исполни својата основна должност и дека мора да биде одговорна за тоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2020 20:42

Трамп го прекина финансирањето на СЗО!

Фото/Текст извор: ©N1

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите држави ќе го прекинат финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) заради „лошо управување“ со епидемијата на коронавирус.

Трамп пред седум дена и се закани на Светската здравствена организација, а сега тој отиде еден чекор подалеку.

„Денес, наредив прекин на финансирањето на СЗО, додека се спроведува студија за да се испита улогата на СЗО и нејзиното лошо управување и прикривање на ширењето на коронавирусот“, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Американскиот претседател рече дека СЗО не успеа да ја исполни својата основна должност и дека мора да биде одговорна за тоа.

„Ако СЗО ја завршеше својата работа и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја испитаат состојбата на теренот, можеше да се најде изворот на епидемијата и да заврши со многу малку мртви“, додаде тој.

Со денови администрацијата на Трамп остро ја критикува  позицијата на ООН. Вашингтон особено се жали дека мерките за заштита за кризи во САД, како што е постепеното затворање на границите, што наиде на силен отпор од СЗО, кој „продолжи да им аплаудира на кинеските водачи за нивната подготвеност да споделат информации“.Американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео, изјави дека САД сакаат „радикално да го променат“ начинот на кој работи организацијата.

„Во минатото СЗО направи добра работа. За жал, овој пат не даде се од себе и мора да дадеме се од себе за да ги охрабриме радикалните промени“, рече тој.

Трамп сака да ја крене на нозе економијата што е можно поскоро откако 22.000 Американци умираат од инфекција со коронавирус и неколку милиони останаа без работа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.