– Не можете да кажете дека уредбата за неисплатени плати врз основа на договор за дело на одредени вработени службеници во СЈО дека има врска со вонредната состојба.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 април, 2020 22:45

Милошоски: Владата на СДСМ ја злоупотреби законодавната моќ, свикувањето на Собранието би било параван за озаконување на уредбите на владата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тоа е политичкиот трик на СДСМ, да се свика Собранието спротивно на одлуката за самораспуштање за да можат сите донесени уредби со законска сила за време на вонредната состојба, кои според мене добар дел немаат допирна точка со вонредната состојба за да се озаконат, изјави Антонио Милошоски во Топ Тема на Телма телевизија.

Владата на СДСМ е свесна дека има злоупотребено дел од законодавната моќ и повторното свикување на Собранието би им служело како параван тие одлуки после извесна дебата да ги озаконат, изјави Антонио Милошоски во Топ Тема на Телма телевизија.

Уредбите, според европското право и според нашите закони мора да се поврзани со вонредната состојба.

– Не можете да кажете дека уредбата за неисплатени плати врз основа на договор за дело на одредени вработени службеници во СЈО дека има врска со вонредната состојба. Нема никаква врска – истакна Милошоски.

Според Милошоски, доколку Собранието повторно се состане, тоа ќе служи само како параван за озаконување на сите уредби кои владата на СДСМ и ДУИ ги донеле овој период, за кои дел од нив немаат врска со вонредната состојба.

Артан Груби од ДУИ, за Топ Тема изјави дека по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните рокови.

“Се зависи апсолутно од јавното здравје и пандемијата. Сите планирања и датуми зависат од справувањето со корона вирусот”, вели Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.