Првиот човек на компанијата „Биохакс Италија“ најави дека очекува дозвола од италијанското Министерство за здравство и санитарни органи за инсталирање на поткожни микрочипови кои содржат лозинки за кредитни и други картички, пинови, лични карти, пасоши, податоци за претплата, билети за воз и авиокомпанија, лозинка за влез на работното место …
Шведската компанија „Биохакс“, која е светски лидер во производството и дистрибуцијата на микрочипови, е подготвена да инсталира 2.500 микрочипови на граѓаните од Милано до Рим во рок од неколку месеци, пишува „Еуроњуз“, а пренесуваат италијанските медуми.
Десетици илјади Швеѓани и Германци веќе инсталираа поткожни микрочипови, а оваа пракса „како мода“, веќе се шири во другите европски земји, Англија, Белгија, а наскоро треба да се примени и во Италија.
Според производителот, предноста на микрочипот е во тоа што помага да заштедите време, да избегнувате редици, паричници и торби полни со разни картички, на кратко, оваа технолошка новина е претставена како алатка која треба да го направи секојдневниот живот полесен и поедноставен за граѓаните.
Поткожното микрочипирање е евентуално една од најпознатите деликатни контроверзии на модерната технологија, затоа што со инсталирање на чип, човекот се согласува дека секој негов чекор, лична и интимна ориентација треба да се следат, мапираат и регистрираат.
Италијанските синдикати изразуваат загриженост затоа што чипот може да ја загрози приватноста и правата на работниците.
Микрочипот е со големина на зрно ориз, и е вметнат под кожата помеѓу палецот и показалецот на левата рака со помош на инјекција и останува невидлив за голо око. Целата операција трае неколку минути и се изведува под локална анестезија.
Во врска со вестите дека поткожното микрочипирање пристигнува и во Италија, познатиот италијански блогер и писател, Енрике Перукети, пишува дека е очигледно контролата на населението и ограничување на приватноста станува модерна на овој начин.
“На овој начин, населението е канализирано да брза доброволно да инсталира микрочип, затоа што доколку таквата практика се наметне како обврска, луѓето ќе се побунеа. Електронските фактури, уредите за безконтакција и прогресивното отстранување на готовина се само привремени чекори во овој процес”, рече Перукети. .
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.