На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 22:54

ДО СЕГА НЕ ВИДЕН СКАНДАЛ: Катица Јанева по гаќи и градник во Државниот завод за ревизија!

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Според записникот на МВР до кој дојде КУРИР поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата со долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот.

„Имено на 03.06.2020 година во 10.30 часот лицето Катица Јанева родена 1965 година од Гевгелија, а со престојувалиште во Скјопје по Наредба број од 27.05.2020 година од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена од нејзиниот дом до ул. Јордан Мијалков бб поточно Државен Завод за Ревизија , во Палата Емануел Чучков. Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот, стои во полицискиот записник на МВР.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

Од страна на полицијата сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 4 ЗППЈРМ кој одбила да го потпише и прими.

Јанева инаку во Државниот завод за ревизија е повикана бидејќи беше одговорно лице на СЈО, за да и биде презентиран извештајот за извршената ревизија на усогласеност . Таму бил присутен и обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистрагата за високите бонусите на СЈО.

Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО.

Катица честела сендвичи во судницата

Инаку неодамна обвинетата во случајот „Рекет“, Катица Јанева, во судницата каде течеше рочиште со докази прибрани од ПИ-мерки на обвинителството на Вилма Русковска, им подели сендвичи на полицајците што ја спровеле од домашен притвор, пренесуваше во февруари годинава „Плусинфо“.

Таа тоа го сторила откако судијката на барање на Русковска дала пауза во судскиот процес во кој се емитуваа снимки од Зоран Милевски Кичеец и од Бојан Јовановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.