Владата си зема за право да со уредба ги дерогира уредбите од Изборниот законик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2020 20:37

Дерковски: Уредбата на владата претставува дерогирање на Изборниот законик

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Во Централниот Дневник на Канал 5, Оливер Дерковски, првиот човек на Државната изборна комисија вели дека уредба донесена на вчерашната владината седница во која се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и Државната изборна комисија да продолжат со предизборните подготовки претставува дерогира на изборниот законик, останувајќи на ставот дека на ДИК им се потребни минимум 35 дена за организирање на сите изборни дејствија.

Првиот човек на ДИК, пред извесно време рече дека воедно ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе човечки ресурси, а земајки ја предвид економската состојба во земјава за време на пандемијата од Ковид-19 би било отежителна околност.

Владата си зема за право да со уредба ги дерогира уредбите од Изборниот законик. Правната логика, но и правната пракса и правната наука вели дека кога ќе престанат условите за вонредна состојба, стапуваат на сила нормалните позитивни законски прописи, системот се враќа во нормала, изјави Дерковски.

Оваа изјава на Дерковски доаѓа во моментот кога власта цели на одржување на избори 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Тој веќе претходно истакна дека не е возможно за толку краток период да се организираат изборите.

ДИК дека е невозможно комплетните подготовки за избори да се изведат за 22 дена. И од тие причини размислувајќи тука не сметајќи ги само овие дејствија кои ги напоменуваме сега околу избирачкиот список туку и новата состојба, протоколите кои треба да ги добиеме од здравствените власт ние ти протоколи треба да ги преточиме во наши решенија и одлуки и по нив да постапуваме. Јасно е дека ни треба многу време за подготовка и организација на изборите. Сметавме дека наше е да дадеме одредена препорака како ќе се однесуваат властите ќе видиме на крајот на денот. Меѓутоа јасно е и дека кажавме дека кај избирачкиот список поради заштита на правото на гласачите за да не се доведеме во ситуација која што ја имавме пред неколку години, ако се сеќавате 2015 имавме толку оспоруван избирачки список, изјави Дерковски пред извесен период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.