СЗО од самиот почеток на пандемијата, предупредуваше дека новиот коронавирус првенствено се шири од човек на личност со капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување, но сега неколку стотици научници бараат од Здравствената организација да ги промени препораките во однос на заштита од вирусот корона, бидејќи како што велат постојат докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен, објави Њујорк Тајмс.
Дури 239 научници од 32 земји, истакнаа дека ќе испратат отворено писмо до СЗО. Потписниците планираат да го објават во научното списание следната недела а во него тие наведуваат докази кои покажуваат дека помалите честички можат да бидат заразни, пишува Њујорк Тајмс.
Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат, велат научниците.
Иако научниците тврдат дека поседуваат докази, сепак СЗО стои на својот став и наведува дека доказите за пренесување преку воздух не се убедливи.
– Особено во последниве месеци, неколку пати истакнавме дека сметаме оти воздушната трансмисија е можна, но за тоа не постојат цврсти, па дури и јасни докази, рече Бенедета Алегранци, директор на програмата на СЗО за превенција и контрола на инфекции.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.