Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечи дека ситуацијата во Србија, особено во Белград е критична, а за викенд повторно ќе биде воведен полициски час!
Ситуацијата во Белград е алармантна поради коронавирусот, и сериозна и во четири други градови, рече Вучиќ кога се обрати пред јавноста во Претседателството на Србија.
„Од утре ќе има забрана за секој собир на повеќе од 5 лица на отворено, а полицискиот час ќе следи од петок до понеделник“, рече претседателот на Србија.
Во овој момент имаме 120 луѓе на респиратори. Во Белград, сосотојбата е алармантна“, кажа Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека во моментов се хоспитализирани 4.000 пациенти со коронавирус.
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 299 нови случаи, а тестирани се 8.287 лица!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.