Денеска се руши бетонската база која без никаква документација и спротивно на законот, советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ ја изгради на петстотини метри од брегот на Охридското Езеро.
Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.
Усеини успеа, но непознато на кој начин, да спроведе и струја до бетонската база, иако таа е нелегална и спротивна на законите. Општина Охрид, претходно немаше доволно средства за да ангажира работници и градежни машини за да ја урне базата, што беше оправдување оваа акција да се одложува до сега.
Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.