И секако ова беше доволна причина да започнат теориите на заговор за вмешаноста на поранешниот американски државен врв во креирањето на коронавирусот, заедно со семејството Гејтс...

Објавил: Мартин Попоски | 28 јануари, 2022 6:03

ОБАМА И СОПРУГАТА НА БИЛ ГЕЈТС ВО ЛАБОРАТОРИЈА ВО ВУХАН ВО 2015? Интернетот гори поради оваа фотографија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На социјалните мрежи Твитер и Фејсбук завладеа општ хаос откако се појави фотографија од 2015 година, на која може да се види поранешниот претседател на САД, Барак Обама, д-р Ентони Фаучи и Мелинда Гејтс, екс сопругата на Бил Гејтс, кои наводно, биле во лабораторија во Вухан.

И секако ова беше доволна причина да започнат теориите на заговор за вмешаноста на поранешниот американски државен врв во креирањето на коронавирусот, заедно со семејството Гејтс…

Да, вистина е дека на фотографијата се прикажани Обама и д-р Фаучи.

Фотографијата е од 2015 година и таа е направена во лабораторија.

Но, не во Вухан. И  сопругата на Бил Гејтс не е со нив.

Тие биле фотографирани во лабораторијата на Националниот институт за здравство во градот Бетесда во државата Мериленд.

И нивниот разговор не се однесуваше на короната или за нешто што е поврзано со овој вирус, туку за тоа како напредуваат истражувањата за ебола.

Не корона, туку ебола. Не Вухан во Кина, туку Мериленд во Соединетите држави.

И дамата за која на социјалните мрежи се тврди дека е Мелинда Гејтс е всушност Силвија Бурверл, секретар на Институтот.

Значи, оваа фотографија не покажа никакви нова докази за коронавирусот но ја изложи вистинската слика за нештата кои стојат зад ова … а тоа е манипулацијата со информации.

Инаку од почетокот на пандемијата можеше да се забележи дека Бил Гејтс е непријател број еден, односно дека беа презентирани во јавноста повеќе теории на заговор дека всушност тој е вмешан во создавањето на новиот Ковид-19 вирус.

Инаку на почетокот на месец април, Бил Гејтс во интервју за Фокс Њуз, рече дека животот може да се врати во нормала само откако вакцината против корона вирусот ќе биде глобално достапна, изјави ко-основачот на Мајкрософт и филантроп Бил Гејтс, јави ДПА.

Тој рече дека кај развиените земји, како што е САД, се во можност да го контролираат вирусот но сепак вирусот мора да биде поразен во цел свет.

– Работите навистина нема да се вратат во нормала додека вакцина не биде достапна практично во целиот свет, рече Гејтс, кој минатата недела ја повика американската влада да започне со изградба на фабрики за развој на најперспективните вакцини против коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.