“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.

Објавил: Владо Марин | 26 јули, 2020 22:03

КОЊИЧКИ МАРШ ЗА ИЛИНДЕН: Пратеничката Мизрахи на чело на коњицата кон Мечкин Камен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи коњаницата којашто традиционално секоја година заминува кон Мечкин Камен за да учествува во прославата на празникот Илинден.

“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.

Мизрахи објави фотографии на својот профил на Фејсбук посочувајќи дека и било чест што ја предводи коњаницата.

Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија.

Голема е честа да ја предводам коњаницата!
Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен, потенцираше Мизрахи!

Коњаниците утрово тргнаа од Зубовце, се упатија кон Тумчевиште, па во Гостивар, каде ги посетија вечните почивалишта на загинатите припадници на безбедносните сили, продефилираа низ градот и со добиениот благослов во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ се упатија кон манастирот „Св.Јован Бигорски“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.