Уште пред изборите Алијансата на Албанците излезе со контра став на ДУИ, бидејќи според нив идејата за премиер Албанец, е само измислица на ДУИ за да привлече повеќе гласови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 9:40

ДУИ СО НОВИ УСЛОВИ: Османи вели имаат 5 главни столба за преговори со албанските партии!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бујар Османи, вели дека високиот врв на ДУИ  разговарал и дошле до решение, со кое дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците. Оваа изјава на Османи доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети не успеа да ги собере албанските партии на средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика:
1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

Уште пред изборите Алијансата на Албанците излезе со контра став на ДУИ, бидејќи според нив идејата за премиер Албанец, е само измислица на ДУИ за да привлече повеќе гласови.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.