Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 18:03

Пронајдено телото на удавеното 16 годишно момче во Претор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По два дена трагање по телото на момчето кое трагично загина на 2-ри август во Претор, денеска конечно пронајдено неговото безживотно тело. Тим од осум нуркачи, дел од специјалната единица на МВР кои од утрово започнаа со пребарување на теренот, денеска околу 14 часот го лоцираа неговото тело.

Оваа информација ја потврдија и од МВР од каде велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Инаку 16-годишното трагично загинатото момче од Ресен заедно со уште двајца другари на 2 август се возеле на педалинка во близина на плажата во туристичката населба Претор.

Трагичниот настан го отвора прашањето за безбедноста, за задолжителното носење заштитна опрема на пловните објекти. Градоначалникот на Ресен за Сител вели дека проблемот и со спасувачките екипи е долгогодишен на плажите на Преспанското Езеро.

-Дополнително како општина веќе од денес надлежните инспектори веќе се на терен и вршат контрола по сите плажи, укажуваат на концесионерите за задолжителна заштитна опрема во пловните објекти во езерото, изјави за Сител Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Токму затоа според него е потребно општините да имаат повеќе ингеренции над плажите.

-Општина Ресен за жал иако доста време бара, се уште нема ингеренции над плажите на Преспанското Езеро, тоа е проблем не само за Ресен, актуелно беше во Струга, Дојран, Охрид. Гледаме заедно со институциите што побрзо да се реши овој проблем, да се регулираат односте, ние градоначалниците да имаме повеќе ингеренции не само со издавањето и концесиите, туку и заштитата на самите граѓани, вели Гошаревски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.