Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, дознава Сител!Врачувањето е закажано за 12 часот напладне во вила Водно.
Претходно, во текот на денот, СДСМ потврди дека „се во тек сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат“.
Последната информација од ВМРО-ДПМНЕ околу преговорите за парламентарно мнозинство, што ја пренесе вчера партискиот портпарол Димче Арсовски откако Кабинетот на Пендаровски соопшти дека ќе му го довери мандатот на Заев, беше дека нема нови информации за разговорите за формирање влада.
– Да оставиме што ќе се случува и како ќе се развива текот на преговорите наредните денови, па ќе соопштиме дополнително, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Уставот, по доделувањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.