Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија. Огромна благодарност до американската амбасада, која донираше средства за комплетно реновирање на целата установа, информираше министерот Филипче.
И покрај состојбата со Ковид-19, продолжуваме со подобрување на условите во здравствените установи, вели Филипче.
Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Јавното здравство го подигнавме на повисоко ниво.
Вчера, бројот на активни случаи од ковид-19 изнесуваше 2950. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни. Пристапот на широко тестирање дава резултати.
Во изминатите 24 часа регистриравме и рекорден број на направени тестови – 2172. Со ова, вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките. Само заеднички може за да се избориме со овој вирус. Преку носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на раце да го стопираме ширењето на ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, изјави Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.