Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството!

Објавил: Владо Марин | 27 август, 2020 21:01

СКОПЈАНЕЦОТ ВИКТОР ДРАГОМАНСКИ ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО НА ДВЕ ЛИЦА УАПСЕН НА МАЛТА

Фото/Текст извор: ©telma

Виктор Драгомански, вработен како обезбедување во угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта, пренесува Телма.

„Ние сме во многу деликатна фаза на истрагата, има настани, но сè уште немаме никого уапсено. Работиме напорно на овој случај“, изјавија од полицијата по убиството.

Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен 25 годишниот албански државјанин Даниел Мука. Мука, веќе бил на полициско сослушување, но во изјавата што ја дал пред органите, тој не бил организатор на убиството.

Првично полицијата се сомневаше на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажа дека се работи за добро смислено и нарачан убиство, што отоа го потврдил и Мука во изјавата. На снимките од надзорните камери, се гледаа двајца како со орује бегаат од куќата во кја се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.

На јутуб е објавена снимка од акцијата за приведувањето на Мука, каде целиот кварт бил опколен.

Извори блиски до истрагата потврдија дека форензички тестови на предметите пронајдени во автомобил користен при бегството, ја одвело полицијата до Мука. Подоцна и неговите отпечатоци се пронајдени во автомобилот и споредени со оние најдени од местото на злосторството.

Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...