На прашањето за уривањето на објектот кај Мавровка, тој рече дека кафулето било легализирано.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 септември, 2020 15:00

Шилегов: Во Скопје има околу 140 дивоградби, но јас немам ингеренции

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов истакна дека во главниот град има многу дивоградби но дека тој нема ингеренции за тоа.

Градот, за жал, нема ингеренции за дивоградбите, како што неколку пати сум кажал. Анализата покажува дека има околу 140 објекти на територијата на целиот град. Јас само повикувам сите институции да си ја работиме својата работа во рамки на своите обврски.

На прашањето за уривањето на објектот кај Мавровка, тој рече дека кафулето било легализирано.

-Она што знам за „Мавровка“, кафулето во сутеренот беше легализирано, веројатно во постапка на обнова, бидејќи изгоре, може да се врати само тоа што  било предмет на легализација и ништо повеќе. Апелирам да не се злоупотребуваат законските прописи и да покажеме дека институциите ги извршуваат со полн капацитет своите надлежности – прво, за да се спречи повторно градежно дивеење на недозволен начин и, второ, да се санкционираат што е можно повеќе луѓе кои недозволиво изградиле објекти, истакна Шилегов, додавајќи дека тоа влијае и на економијата и е некоректно граѓаните кои уредно ги подмируваат давачките да имаат нелојална конкуренција.

Во врска со воведувањето комунална полиција, Шилегов очекува законот во собраниска процедура да влезе по нова година, откако ќе се одблокира работата во Собранието и ќе се формираат собраниски комисии и, како што рече, да се испеглаат разликите со министерството за преземање на ингеренциите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.