Во своето писмо до Трамп, тој прецизира дека договорот од Вашингтон претставува крај на вековниот неспоразум на институциите на Приштина и Србија.
Хашим Тачи, во писмото испратено до американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Косово е посветено на постигнување договор што ќе ги реши сите прашања и ќе доведе до меѓусебно признавање на Косово и Србија, додавајќи дека т.н. „Косово е благословено што ужива непоколеблива поддршка од Соединетите држави.
Тачи на својот профил на Фејсбук му изрази најголема благодарност на Трамп за неговата улога во постигнувањето договор за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина со доделување на „Орден на слободата“ на американскиот претседател.
„Се чувствувам привилегирано што сум претседател на Косово и во име на граѓаните на Косово, ве почитувам како претседател на Соединетите држави и изразувам благодарност за вашиот придонес кон слободата на Косово, за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот.
„Претседател Трамп, ве поканувам да го посетите Косово, за да можете лично да ги запознаете луѓето кои најмногу ја сакаат Америка“, напиша Тачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.