Пакетот со отров беше испратен во саботата а за да се утврди присуството на отровот рицин, биле направени два теста пренесува Си Ен Ен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2020 10:32

Уапсена жената која сакаше да го отруе Доналд Трамп!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска американските власти соопштија дека полицијата уапсила жена која е осомничена за испраќање на писмото со смртоносниот отров рицин до Белата Куќа.

Оваа вест ја крена на нозе американската полиција, а како што соопштија властите истрагата е се уште во тек а жената која е осомничена била уапсена кога се обидела да премине во Канада на граничен премин во сојузната држава Њујорк.

Жената е канадска државјанка, посочи извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен.

Овој пакет ги крена на нозе ФБИ и Тајната служба кои веднаш отворија истрага за инцидентот.

По оваа пратка се сортира и прегледува целата пошта адресирана на Белата куќа.Пратките се прегледуваат надвор од објектот пред да стигнат до претседателот.

Инаку Рицин е виоко токсично соединение добиено од рицинисови зрна кое се користи во терористички завери. Може да се користи во облик на прав, гас или киселина. Ако се проголта предизвикува мачнина, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, пратено со откажување на слезината, бубрегот, црниот дроб и смрт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.