Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 16:25

Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година, објави Нетпрес.

Одлуката е објавена во Службен весник на 27 септември.

„Учебната 2020/2021 година во основните училишта започнува на 1 октомври, а завршува на 31 август 2021 година“, пишува во Одлуката на Владата за увтрдување на започнувањето и завршувањето на учебната 2020/2021 година во основните училишта во услови на вонсредни околности.

Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња – еден дел ќе бидат во клупите, а поголеми дел ќе учат онлајн од дома.

Учениците до трето одделение, освен оние чии родители не се согласиле, наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Инаку денеска во 600 училишта во државата започна настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

-Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата и од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата. Министерството за образование и наука информира дека за успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата, соопштија утринава од Министерството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.