Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи.
Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите. Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема.
Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.
Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне.
И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.
Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот.
Филипче охрабри се – Поднеси оставка, велат од ВМРО ДПМНЕ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.