Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2020 21:59

Инспектори и полиција влегоа во познат скопски локал пред почетокот на концертот на Тони Цетински

Фото/Текст извор: ©telma.mk

Полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат пристигнаа во кафе барот „Интермецо“ во Скопје каде за вечерва е закажан концертот на хрватската поп ѕвезда Тони Цетински, дознава Телма.

-НЕ МОЖАМ ДА ГАРАНТИРАМ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГОСТИТЕ, НО ГРААНТИРАМ ДЕКА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ, ВЕЛИ МЕНАЏЕРОТ НА „ИНТЕРМЕЦО“ КОНСТАНТИН ВЛАХО.

Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести