За само 30 дена со забрзана динамика на реализација на градежните активности и деноноќно работење, реконструиран e булеварот Александар Македонски во правец кон влезот на Скопје во должина од околу 5,3 километри и од денеска е пуштен во сообраќај.
Источниот влез на Скопје од денеска е целосно обновен и функционира без сообраќајни гужви и метеж, а сообраќајот во овој дел од градот е нормализиран.
За потсетување е дека оваа делница од булеварот беше во очајна состојба и не беше реконструирана 40-на години.
Градежните активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри.
Значајно е да се нагласи дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експроријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Ченто и Маџари со остатокот од градот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.