Антифашизмот е цивилизациска придобивка, но, антифашистички се и темелите на македонската држава. Како наследници на славната воена генерација, но, денес и како дел од #НАТО алијансата со јасна европска перспектива, имаме одговорност да се спротивставиме на растечкиот расизам, дискриминација и неофашизам, изјави претсетателот Пендаровски во обраќањето по повод денот на востанието во Македонија.
А тоа се прави само на еден начин: со градење на демократска држава, во која граѓаните се еднакви пред законот, и нема недопирливи за правдата.
Нека ни е честит #ДенотНаНароднотоВостание!
Нека ни е честит #11Октомври!
Премиерот Зоран Заев од пред Спомен Костурницата во Куманово им го честита 11-ти Октомври на сите граѓани на Мекедонија и порача дека нашите сограѓани во Куманово и Прилеп презедоа акции и во триумфот на победата го остварија својот сон- државност .
,Денеска стоиме тука во Куманово , горди со кренати глави , чувајќи го заветот на нашите државотворци. Благодарејќи на овој самопрегор Македонија е самностојна држава и нашето место во ООН е потврда за македонскиот јазик и идентитет, рече Заев.
,,Нашиот повик е да обезбедиме просперитетна држава во која младите ќе останат во својата земја. Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија. Нашата држава е ценет и почитуван партнер , пример за регионот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.