Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со кризата, некои епидемиолошки податоци од анкетите.

Објавил: Владо Марин | 16 октомври, 2020 12:26

Комисијата предложи нови мерки: Ништо нема да работи по 23 часот

Фото/Текст извор: ©skopje 24

Утрово се одржа нов состанок на Комисијата за заразни билести при што е одлучено да се предложат нови рестриктивни мерки, како што се ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

За нив ќе се одличува на владина седница во понеделник!

Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со кризата, некои епидемиолошки податоци од анкетите.

Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако таму се уште нема сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи, со очекуваниот есенски бран – рече Филипче.

Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се зголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче.

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.