Премиерот Зоран Заев вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 27 октомври, 2020 14:47

Премиерот Заев: Немав директен контакт со Оливер Спасовски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев вели дека немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест за ковид-19.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите што министерот Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за самоизолација.

Напоменуваме дека сите негови контакти биле со почитување на безбедно растојание и носење маска. Во однос на прашањето за контакти во владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видеоконференциска врска“, соопштија од МВР.

Премиерот Заев порача дека немал директен контакт со Спасовски надвор од протоколите, но и дека ќе направи тест на коронавирус.

„Немав директни контакти со Оливер Спасовски надвор од здравствените протоколи за лична заштита. Секогаш држевме дистанца и секогаш носевме маска согласно здравствените протоколи“, изјави Заев за „ТВ21“!

Спасовски вчера присуствуваше на настан на кој беа и премиерот Заев, како и министрите за земјоделство и за животна средина, Арјанит Хоџа и Насер Нуредини, сепак од владата, велат дека ги почитувале мерките и дека според протоколите не се обврзани да одат во самоизолација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.