Човек кој се смета за Бугарин, не може во името на државата Македонија да ги одржува врските со Македонците по род во светот!

Објавил: Перо Милчин | 12 ноември, 2020 6:59

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ГИ ПРЕКИНУВААТ ВРСКИТЕ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ГИ ПРЕКИНУВААТ ВРСКИТЕ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО!

12 ноември 2020 година, Торонто, Канада – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација го отфрла изборот на Слободан Близнаковски, член на ВМРО-Народна партија, за директор на Агенцијата за иселеништво со одлука донесена на 18-та седница на Владата одржана на 9 ноември 2020 година, за кого Македонците се Бугари, а тој се чувствува како Бугарин од Македонија.

Истовремено, СМК со индигнација го отфрла изборот на Измит Нура, член на ДУИ, заменик директор на Агенцијата за иселеништво со одлука донесена на 14-та седница на Владата одржана на 22 октомври 2020 година, поранешен командант на ОНА и косовски државјанин, поради скандалозното барање до вработените во Агенцијата за иселеништво да ги “тргнат од канцелариите на Агенцијата сите национални и верски артефакти“, што предизвика гнев и кај вработените во Агенцијата за иселеништво.

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ги прекинуваат врските со Агенцијата за иселеништво на неопределено време, поради антимакедонските определби на избраните лица кои ја раководат оваа институција на власта во државата Македонија!

Човек кој се смета за Бугарин, не може во името на државата Македонија да ги одржува врските со Македонците по род во светот!

Човек кој се борел против државата Македонија, не може да ги одржува врските со Македонците по род во светот!

Македонците во светот сметаат дека Владата на Зоран Заев со изборот на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво за кого Македонците се Бугари според мислењата на Красимир Каракачанов од соседна Бугарија, и на Измит Нура за заменик директор на Агенцијата за иселеништво, ги продолжува антимакедонските политики кон Македонците во соседните земји на државата Македонија и во светот!

СМК потсетува дека: (1) Владата на СДСМ со Привремената согласност Црвенковски-Папуљас потпишана на 13 септември 1995 година (“Службен весник на Република Македонија – меѓународни договори “ број 48/1995), се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во соседните земји на државата Македонија; (2) Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Заедничката декларација Георгиевски-Костов потпишана на 22 февруари 1999 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Бугарија; (3) Владата на СДСМ по барање на ДУИ со измените на Законот за државјанство донесен во Собранието на 22 јануари 2004 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 8/2004) го избриша правото на македонско државјанство за Македонците по род во светот; (4) Владата на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СДСМ, со изменувањата и дополнувањата на Изборниот законик донесени во Собранието на 9 ноември 2015 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 196/2015) ги укина трите изборни единици за македонските државјани во светот во една изборна единица, и утврди дискриминаторски праг за избор на пратеник од седмата изборна единица доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори; (5) Владата на СДСМ со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Република Бугарија; (6) Владата на СДСМ со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 27 јуни 2018 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Хеленската Република; (7) Владата на СДСМ апстинира од демарш до Владата во Тирана по прифаќањето на ултиматумот од Софија за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија со Законот за заштита на националните малцинства донесен во 2017 година, а во местата каде традиционално и автохтоно живеат Македонците по род; (8) Собранието со владиното мнозинство на СДСМ и 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амандманот 36 на Уставот и членот 2 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија донесени на седницата одржана на 11 јануари 2019 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците по род во соседните земји на државата Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...