Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2020 9:48

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИ ЗА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЧИНАРОТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.

Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид.

Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје.

Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско значење за Охрид извесен период се наоѓаше во многу лоша состојба и беше неопходно е да се преземат соодветни мерки за санација и ревитализација, со цел да се обнови и да му се продолжи животниот век.

Минатата година од страна на Министертвото за животна средина и просторно планирање беше донесено Решение за прогласување на „Чинар-Охрид“ за природна реткост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.