За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат гпарични казни до 4.000 евра.

Објавил: Владо Марин | 2 декември, 2020 19:31

Работодавачите мора да исплатат К-15, годинава минималниот износ е над 10.000

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на 2020, вработените и во приватниот сектор, ќе добијат К-15, односно регресо за годишен одмор, а минималниот износ за оваа година е 10.884 денари.

Сумата е утврдена врз основа на податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, а основен услов кој треба да се исполни одреден вработен да добие К-15 е најмалку 6 месеци да работи во календарската година кај ист работодавач.

За работодавцачите кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат гпарични казни до 4.000 евра.

„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач…

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“ стои во Општиот колективен договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести