УТРЕ АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД!
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре, вторник (8.12.2020 година) кој е неработен ден поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Ве потсетуваме дека и натаму не сообрааќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата.
Сѐ уште, времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.