Борисов по средбата со Бучковски, замина на Самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел, каде проширувањето не е на агендата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 декември, 2020 16:23

Борисов: Ни со Заев ни со Пендаровски никогаш не сме разговарале за идентитет или за јазик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалниот претставник на РСМ за решавање на спорот со Бугарија, Владо Бучковски денеска оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој смета дека можат да се најдат решенија за надминување на спорот.

Борисов по средбата со Бучковски, замина на Самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел, каде проширувањето не е на агендата.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот фејсбук-профил сподели видео од средбата со специјалниот пратеник на Владата Владо Бучковски, кое содржи многу повеќе информации за она за што тие разговарале денеска. За разлика од информацијата што ја сподели неговиот кабинет, а ја пренесоа бугарските и нашите медиуми, во 20- минутното видео има детали за тоа кои се барањата на Бугарија кои бараат да бидат нотирани во Договорот.

„Две теми го оптоваруваат бугарското општество – суверенитетот на Бугарија и малцинствата. Никој не може да ви наметне на кој јазик ќе зборувате, вие сте суверена држава“,

му вели Борисов на Бучковски.

Борисов: Ни со Заев ни со Пендаровски никогаш не сме разговарале за идентитет или за јазик

Борисов на почетокот се осврнува на улогата на Бугарија во поддршката на Западен Балкан за членство во ЕУ, особено кога претседаваше со Унијата. Борисов посебно потенцира дека тогаш е постигнат и Договорот за добрососедство, а е направена и првата средба на премиерот Заев и тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас во Софија.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.