Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го откажа Светското првенство за фудбалери на возраст под 17 години и Светското првенство за играчи на возраст под 20 години, поради пандемијата на коронавирусите.
Турнирите требаше да се играат во 2021 година, но ќе се одржат во 2023 година, за играчи до 20 години во Индонезија и за играчи до 17 години во Перу, како што беше планирано.
ФИФА изјави дека пандемијата на коронавирусите продолжува да претставува предизвик за организација на спортски натпревари и дека има ограничувачки ефект врз меѓународните патувања.
Стана јасно дека глобалната ситуација не се нормализира на доволно ниво за да одговори на предизвиците поврзани со организацијата на двата турнира, вклучувајќи ја и изводливоста на квалификациите – се вели во соопштението на ФИФА.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.