Цели семејства, со поспани деца во рацете, се упатија кон градот Агуа Калиенте, недалеку од границата со Гватемала, рано утрово.

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 јануари, 2021 18:55

КАРАВАН ОД 4.000 МИГРАНТИ ТРГНА ВО АМЕРИКА: Немаме друг избор, тука ќе умреме(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мигрантите од Хондурас, бегајќи од сиромаштијата, се упатија кон САД денес преку границата со Гватемала.

Цели семејства, со поспани деца во рацете, се упатија кон градот Агуа Калиенте, недалеку од границата со Гватемала, рано утрово.

Околу 2.000 до 4.000 луѓе се упатуваат кон границата. Некои веднаш најдоа превоз, додека други тргнаа пеш придружувани од полицијата.

“Немаме друг избор освен да одиме. Треба да одиме од тука, од оваа земја, затоа што ќе умреме тука”, рече 25-годишниот возач од Кофрадија.

Полицијата имала контролни пунктови покрај автопатот, но само ги идентификувала мигрантите. Голем број полицајци со заштитна опрема седеа во автобуси покрај автопатот, но тие не презедоа никакви чекори за да ги запрат мигрантите.

„Комбинацијата на ковид-19, социјалното исклучување, насилството и климатските катастрофи што се случуваат во невидени размери во Централна Америка“, рече денес Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.