Во новото жариште поврзано со хотел за карантин во Мелбурн, главниот град на државата Викторија, вчера се откриeни 13 случаи.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 февруари, 2021 11:20

Мелбурн повторно воведува кaрантин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вториот најнаселен град во Австралија воведе петдневен карантин, соопштија денеска властите, забранувајќи им на гледачите да присуствуваат на тенискиот турнир Австралија опен.

Во новото жариште поврзано со хотел за карантин во Мелбурн, главниот град на државата Викторија, вчера се откриeни 13 случаи.

Лицата кои примиле целосна доза на вакцината против коронавирус, можат да ја избегнат стандардната 14-дневна постапка во карантин по изложеност со заразено лице, сè додека останат асимптоматски.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) известуваат дека докажано е дека вакцините го спречуваат симптоматскиот ковид-19, за кој што се смета дека игра поголема улога во пренесувањето на вирусот отколку асимптоматскиот.

„Индивидуалните и општествените придобивки од избегнување на непотребен карантин може да го надминат потенцијалниот, но непознат ризик од пренесување (кај вакцинираните лица)“, истакнуваат од ЦДЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.