Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

Објавил: Перо Милчин | 22 февруари, 2021 7:19

Во 14 часот екипа на ТВ21 Мијалков го затекна во Мериот, Дистрикт Бар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21 последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот, пренесе телевизијата.

Инаку, полицијата, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Мијалков е еден од 12-те обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделните рочишта на кои беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок е закажано изрекување на пресудата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести