Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Објавил: Перо Милчин | 22 февруари, 2021 17:19

Пендаровски: Наскоро очекувам апсење на Мијалков!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По Мијалков се трега и со национална и со меѓународна потерница и засега МВР нема одговор дали ја напуштил државата на некој од граничните премини или можеби избегал по илегален пат.

Претседателот Пендаровски изјави дека побара надлежните институции да си ја завршат својата работа, односно да го уапсат екс директорот на УБК, Сашо Мијалков!

Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција.

Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, вели тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.