Силјановска, како второ укажа, дека скратена постапка, секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 март, 2021 10:21

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска расправа за измените и дополнувања на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа укажа на неколку пропусти.

-Прво, ваков закон правнички може да се оквалификува како пара закон, квази закон, времен закон, привремен закон затоа што трае една година. Првата ненаучена лекција, или кога го менувате Законот за ДДВ и внесовте дека нема да има ДДВ цели три дена, ви укажав дека не може ваква одредба бидејќи законите имаат неограничено правно дејство, ако сакате такво нешто наведувате во преодни и завршни одредби, кажа Силјановска.

Силјановска, како второ укажа, дека скратена постапка, секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

Пратеничката укажа и на „хроничната задолженост на нашите општини, ако сакаме одржлив развој, ако сакаме развиена локална самоуправа ќе најдеме пристојно решение“.

Ние имаме административна, ама ќе имаме и фискална децентрализација кога ќе има постојан прилив на пристоен износ на средства за да може општините да ги извшуват надлежностите, рече Силјановска.

Таа заклучи „не можам, а да не забележам, кога велите во законот дека ќе важи од 01.01.2021 до 31.12. 2021, да ве прашам кој датум е денес? Уставот забранува ретрокативнно важење на закони, не може да важи закон ретроактивно, освен ако не е олеснително за граѓаните, а овде станува збор за пари на граѓаните“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.