Министерот за здравство д-р Венко Филипче, најави зголемување за 5% на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи.
Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.
-Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април – изјави Филипче.
Министерството за здравство во континуитет инвестира во човечки ресурси, освен зголемување на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на ковид пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство.
Со новите вработувања и зголемувањата на платите, Министерството за здравство создава услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.