Пред седницата на Уставниот суд Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард Банка „Правда за штедачи", упати јавен апел за владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот.

Објавил: Перо Милчин | 15 април, 2021 10:30

Уставниот суд, ќе одлучува за иницијативата на оштетените штедачи во Еуростандард

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уставниот суд денеска треба да ја одржи 9-тата седница, на чиј дневен ред како втора точка е иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Седницата претходно на двапати беше одложена на 25 март и на 7 април поради состојбата со ширењето на коронавирусот.

Пред седницата на Уставниот суд Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард Банка „Правда за штедачи”, упати јавен апел за владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот.

Во образложението на иницијативата, Здружението, наведува дека со член 163 став 3 од Законот за банки, Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител со приоритетно право за наплата во однос на сите други доверители во случај на стечај на банка, меѓутоа одредбата со која Фондот за осигурување на депозити има приоритет при наплата на побарувањата од стечајната маса, е очигледно неуставна и затоа, сметаат дека Уставниот Суд треба да ја укине како таква и да ја стави вон сила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.