Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

Објавил: Перо Милчин | 22 април, 2021 17:00

Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Третата лента на автопатската делница Петровец – Катланово се гради со силен интензитет. Покрај изградбата, вршиме и комплетна рехабилитација на оваа делница како дел од Коридор 10, истакна министерот Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи.

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница  Петровец-Катланово, инвестиција од 7,2 милиони евра. 

Со проектот се предвидува проширување со трета лента по трасата како и целосна рехабилитација. 

“Ова е делница од Коридорот 10, дел од Европските коридори, за нас многу значајна транзитна патна врска и ова е начинот како да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат ако сакаме да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзит на овој Коридор.  

Претходно се реконструираше дел од десниот коловоз, поставен е прв слој на асфалт. Во моментот се работи на левиот коловоз, а како што може да се види се работи и на изградба на уште една нова коловозна лента”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

“На левиот коловоз се руши постоечкиот мост над Ржанички канал од причина што мостот е со две коловозни ленти и ќе се изгради нов со 3 коловозни ленти. Во моментов се одвиваат работи и на рехабилитација со проширување на левиот коловоз.  Исто така, пред клучката Катланово, во должина од околу 460 метри ќе се изврши проширување на коловозот со уште една лента. На целиот потег што се рехабилитира ќе се замени постоечката еластична oграда”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта. 

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...