Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од „Толковниот речник на македонскиот јазик“
„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот.
Владата на Република Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.
Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mkпонатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.
Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу да во наредниот период бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.
За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања.
Владата на Република Македонија, во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социо-лингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.