Србите три пати го градат потпорниот ѕид кој постојано се руши

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 14:52

Целосно се урна потпорниот ѕид на коридорот 10 од Србија кон Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бетонскиот потпорен ѕид кој делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат.

Овој потпорен ѕид кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изградба кон Македонија на делницата Горно Поле- Царичина долина во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати.

Коридор 10 е еден од паневропските сообраќајни коридори. Се протега од Австрија до Грција а поминува и во голем дел од земјите од поранешна Југославија како што се СловенијаХрватскаСрбија и Македонија а одлука за него е донесена во Хелсински во 1997 година. Самит по себе има должина од 2.300 км.

Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат.

За време на паѓањето на бетонот – земјата и камењата во близина немаше работници.

Србија после второто паѓање на бетонскиот потпорен ѕид го ангажираше стручњакот на Светската банка Мариноса Скемпаса експерт за косини за да го реши овој проблем но сепак повторно дојде до уривање на потпорниот ѕид.

Со оглед на тоа што степенот на физичката реализација на оваа делница достигна 90.5 проценти изведени работи работите на овој дел од трасата на Коридорот 10 ќе продолжат и покрај неопходната реконструкција на оваа градба.

Како се истакнува во соопштението за јавноста во кое не се наведува колку овој проблем ќе го пролонгира пуштањето во употреба на новиот автопат кон Македонија Србија е решена да стави крај на проблемот кој се јавува три пати на исто место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.