Од денес сите што од Радовиш и Струмица патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип.
Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница.
Тоа е дел од втората етапа при изградбата на новиот експересен пат Штип – Радовиш.
Пред неколку месеци штипската општина побара друго решение, бидејќи на овој начин ќе се оптовари една од главните градски артерии, каде и вообичаено има голема фреквенција од автомобили, но од Министерството за транспорт и врски добија одговор дека тоа е единствена алтернатива.
Штипјани сметаат дека освен огромениот метеж тоа ќе остави последици и по куќите што се веднаш покрај патот, а особено се плашат за неколку куќи заштитени со закон како архитектонско културно наследство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.