Министерот Филипче, заедно со неговиот заменик, Илир Мета како и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 септември, 2021 13:19

Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за оставката на Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за вчерашната оставка на министерот за здравство, Венко Филипче поради пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 луѓе, објави Сител.

Да. Ќе соопштам мој став денеска, е одговорот кој телевизијата го добил од премиерот Заев преку СМС порака.

Министерот Филипче, заедно со неговиот заменик, Илир Мета како и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки.

Експертските тимови од Германија кои Владата ги најави и кои треба да спроведат стручна експертиза за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово пристигнаа денеска!

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација, најавија од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.