Според проценка од тоа што може да се види на преносто од митингот, во салата се присутни само околу 1.000 луѓе.

Објавил: Перо Милчин | 23 октомври, 2021 21:58

Невиден резил на централниот митинг на СДСМ – Двајца без тројца во салата во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

СДСМ вечерва во салата Борис Трајковски одржува митинг насловен како „Голем граѓански собир Обединувачки за Скопје“, а според фотографиите кои ги објавија медиумите, Сдсм доживеа тотален фијаско. 

Од фотографиите од настанпот може да се види дека овој собир на СДСМ е проследен со многу слаба посетеност, односно дека во салата „Борис Трајковски“ е полупразна.

Според некои медиуми, во салата се присутни само околу 1.000 луѓе.

СДСМ во неколку општини ги поддржа кандидатите за градоначалници на ДУИ, а истото ќе го стори и во вториот изборен круг.

Ја потврдија поддршката за кандидатите на ДУИ во сите општини каде што се натпреварува со опозицијата, па така во Кичево ќе го поддржат Фатмир Дехари, наместо Александар Јовановски.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев отворено порача дека во Чаир, Гостивар, Струга и Кичево, СДСМ ќе ја поддржи ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.