Поранешните дипломати од САД кои овозможија формирање на Косово како држава сега им го вртат грбот на косовските власти

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 12:45

Хупер: “Косово мора да знае САД не се исти како во 1999-та година”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако Косово не добие место во Обединетите Нации има мали шанси да се постигне договор помеѓу Белград и Приштина истакна поранешниот американски дипломат Џејмс Хупер.

Тој оценува дека конечниот договор меѓу Косово и Србија треба да го промени односот на Косово со САД и ЕУ во позитивна смисла но исто така забележува дека САД не се оние што беа кон крајот на 1990-тите. 

“Не се работи само за односите меѓу Косово и Србија. Затоа навистина сакам да испратам порака дека народот на Косово треба внимателно да го разгледа ова бидејќи станува збор за идни односи со САД и Европа.” – рече Хупер.

Според него постои голем ризик дека промената на границата меѓу Косово и Србија ќе влијае врз Босна и Херцеговина и Македонија и затоа е толку важно ова прашање да се разгледува од поширока перспектива.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести