вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.

Објавил: Весна Петровска | 4 мај, 2022 5:27

Фајзер годинава од антиковид вакцините ќе заработи 32 милијарди долари

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ ги потврди проценките за годишниот приход од вакцините и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба!

Компанијата соопшти дека оваа година очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Paxlovid. Тие досега истакнуваа дека оваа проценка се базира само на дел од нивниот производствен капацитет.

Приходите од вакцините развиени во соработка со германската BioNTech се очекува да бидат 32 милијарди долари, според досегашната прогноза.

Тие малку ја намалија својата прогноза за овогодинешната приспособена заработка, од 6,35 на 6,55 долари, односно на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за стекнување и клучните плаќања.

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.

„Генерално очекуваме нови трендови за подобрен пристап до Paxlovid и владини прашања во услови на мутации на вирусите и нови бранови на инфекција ширум светот да резултираат со зголемување на нарачките во наредните месеци“, рече Бурла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.