Министерот за животна средина потенцира дека оваа зима поради кризата ќе има поголемо аерозагадување и најави засилени инспекциски контроли

Објавил: Мате Парлоф | 4 октомври, 2022 6:04

Државата ќе гори мазут, граѓаните нека внимаваат што горат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државата ќе увезува јаглен и мазут, но граѓаните да внимаваат да не се греат со загадувачки материјали.

Министерот за животна средина потенцира дека оваа зима поради кризата ќе има поголемо аерозагадување и најави засилени инспекциски контроли. Најмалку што бараат вели е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе ги увезуваат.

Тој тврди дека прават напори, болниците, училиштата и градинките оваа зима да добијат гас бидејќи тие според него се најголеми загадувачи. Министерот изрази загриженост и во однос на цените по кои се продаваат дрва за огрев и побарал на владина седница  да бидат презентираат резултатите од инспекциските контроли.

Нуредини на брифингот со медиумите најави дека конечно по две ипол години постигнато е усогласување меѓу Град Скопје и Општина Сарај за управувањето со Матка. На 17 октомври ќе се расправа за нацрт законот со кој Матка ќе биде прогласена за заштитена зона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.