За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Објавил: Перо Милчин | 3 декември, 2022 13:49

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото по што било вратено во кругот на болницата.

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Нешто пред четири часот утринава во полициската станица во Кочани било пријавено дека од кругот на Општата болница во Кочани е украдено возило на Итната медицинска помош, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото по што било вратено во кругот на болницата.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08:30 часот на ул.’Кирил и Методиј’ во Кочани ѝ било вратено на Итната медицинска помош“, велат од МВР.

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Директорот на Општата болница Кочани, Александар Серафимов, како што објави МИА, информира дека се работи за постаро возило од марката „тојота“, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места.

Според Серафимов, се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.